
Второлигашот Детонит Плачковица на една недела пред почетокот на пролетниот дел го промовираше и последното засилување. Станува збор за Лука Трајковски кој во Радовиш доаѓа од редовите на најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар.
24-годишниот напаѓач по левата страна покрај за Вардар има настапувано и за Победа, Борец, Тиквеш и Македонија ЃП.
Утре Детонит Плачковица во Кратово ќе одигра пријателски натпревар против екипата на Силекс.
Пролетната полусезона радовишани ја отвараат против Вардар во Неготино.
Александар Ванев, М-Нет