
До крајот на месец февруари земјоделците од кочанскиот регин ќе чекаат одговор на нивните барања испратени до надлежните институции. Оризопроизводителите велат до крајот на месецот ќе чекаат да се исплатат субвенциите и да се пушти нафта за да може да почнат подготовките за сеидбата на оризот. Бидејќи како што велат, скапо е се и мора да има цена на производството за да има и сеидба и да продолжи развојот на земјоделството.
„Да се исплатат субвенциите до крајот на февруари, да се пуште нафта до крајот на февруари бидејќи од март почнуват припремите за сеидба. Ние со оваа цена од 35 денари, кога производната цена е 34 денари тогаш никој нема да се занимава со земјоделие. Еве, сега за пченицата треба ѓубре по 50 килограми на еден декар тоа се скоро речиси 2000, а само ѓубрето јас не можам да го извадам.“ – вели Арсов.
Ако до крајот на овој месец не се слушнат барањата на земјоделците, од 1 Март се најавува генерален штрајк на ниво на цела држава. Целта на ваквата одлука е да го добијат она што го заслужуваат и да можат да ги посеат нивите со пченица, ориз и слично. Во спортивно полињата велат ќе останат празни.
„Ако не се исполнат овие барања и ако ништо не се преземе ние од 1 Март ќе стапиме во генерален штрајк на ниво на цела држава. Ако продолжи овој тренд со оваа неодговорност мислам дека ќе останат многу ниви непосеани, а и да се посее нема ѓубре.“ – додава Арсов.
Како што велат земјоделците изборите за нив се неважни, кога никој не ги слуша нивните земјоделски маки. Без мешање на политика очекуваат да се слушнат нивните барања и да се реагира навремено.
Лаура Стојанова М-Нет