Професорката Весна Ристова се врати на функцијата в.д. директор на штипската Гимназија

Штипската Гимназија повторно доживеа промена во раководство. Старо-ново решение за највисоката функција во ова училиште – професорката Весна Ристова од вчера повторно е на функцијата в.д. директор.

Претходниот директор, Марјан Арсов, беше единствениот кој го имаше положено менаџерскиот испит, можност која им беше скратена на останатите в.д. директори, па поради тоа беше и поставен на функцијата директор на СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“, а со четиригодишен мандат. Промената на Ристова со Арсов мораше да се изврши токму поради полагањето на менаџерскиот испит, зашто директорите реагираа дека следеле обука, полагале два од три испита и на крај добиле соопштение дека рокот е пробиен и постапката поништена.

Марјан Арсов на оваа позиција беше една година како надворешно решение, а претходно Весна Ристова раководеше со штипската Гимназија околу две години. Таа е внатрешно решение како долгогодишен професор по Македонски јазик и литература во Гимназијата.

Ребека Спасова М-Нет