
Денес во Охрид пријателски натпревар одиграа прволигашите Силекс и Тиквеш, тест кој заврши без победник со по еден гол во мрежите (1:1).
За Силекс стрелец на овој меч беше Марко Ѓорѓиевски, а пак за Тиквеш погоди Артјомс Пузиревскис.
Пролетниот дел од Првата македонска фудбалска лига екипата на Силекс го отвара на домашен терен против Брера Струмица, додека пак Тиквеш отвара со мега-дербито против Брегалница во Штип.
Александар Ванев, М-Нет