ТВ М Нет најави, а Силекс потврди: Давид Матески промовиран во Кратово

Тоа што телевизија М Нет го најави во текот на вчерашниот ден, денес доби потврда од Силекс, нов играч на прволигашот од Кратово е Давид Матески.

Станува збор за 17-годишен фудбалер кој поседува огромен талент, а тоа Силекс го препозна и веднаш го договори младиот Матески, кој во Кратово доаѓа од второлигашот Охрид, каде во претходните две сезони одигра 24 натпревари на кој постигна два гола во Втората македонска фудбалска лига.

Матески е член на младинската репрезентација до 18 години за која има досега два настапи.

Александар Ванев, М-Нет