М Нет дознава: Охрид се засилува со Дамјан Масевски од Силекс

фото: ТВ М Нет

Екипата на Охрид за пролетната полусезона од Втората македонска фудбалска лига се засилува со Дамјан Масевски од прволигашот Силекс, ексклузивно дознава и прва објава телевизија М Нет.

22-годишниот Масевски ќе биде ново засилување за екипата предводена од Александар Толески. Во својата кариера покрај за прволигашот од Кратово, Масевски има настапувано и за екипата на Тетекс, Кадино и Работнички од каде и потекнува.

Претходно Охрид се засили со Филип Димоски, а во стручниот штаб влегува и поранешниот капитен и играч Ромео Кочоски во улога на помошник тренер на Александар Толески.

Во следните денови Охрид ќе го промовира новото засилување.

Александар Ванев, М-Нет