Реми со четири гола на тестот меѓу Шкендија Арачиново и Осогово

Денес пријателски меч одиграа третолигашот Шкендија од Арачиново и второлигашот Осогово од Кочани, а истиот заврши со четири погодоци, но без победник (2:2).

Стрелци за Шкендија беа Јасир Беќири и Муаз Салиху.

Шкендија есенскиот дел го заврши на 2. место во Трета лига – Север и ќе води пролетна борба са освојување на првото место кое носи во баражот за Втора лига.

“Жетварите” од Кочани завршија на 14. место во Втора лига и ги очекува неизвесна пролетна полусезона кога е во прашање опстанокот.

Александар Ванев, М-Нет