Кујната во детската градинка „23 Август“ во Берово не работи, децата храна си носат од дома, се чекаат резултатите од анализите

Кујната во детската градинка „23 Август“ во Берово два дена веќе не работи, дечињата се згрижени во градинката ама храна се носи од дома. Ова следи по појавата на салмонела кај две дечиња, и во моментот се чекаат резултати од анализите. Градоначалникот, Звонко Пекевски истакна дека нови случаи нема, а резултатите од анализите треба да бидат готови утре. Додека да излезат резултатите кујната во градинката нема да работи.

„Од денес не работи веќе кујната, децата се згрижени во градинката ама кујната не работи. Известени се родителите, храна се носи од дома, сува, со цел анализите кои се земени да бидат потврдени но треба да поминат 48 часа. Преземени се сите мерки се чека да излезат анализите.“ – вели Пекевски.

Пекевски во телефонски разговор за М-Нет телевизија вели дека откако ќе излезат резултатите од анализите ќе се знае чива е одговорноста и од каде е појавата на салмонелата кај дечиањата. Согласно тоа ќе се знае каква одоговорност ќе се преземе.

„Има некое намалување, но тоа е заради вирусот овој период. Не можеме да заклучиме дека намалувањето е заради салмонелата која ја има во градинка во Берово. Најдобро е да излезат резултатите за да се знае дали одговорноста на детската градинка“ – додава Пеќески.

Сомнежите за салмонела се појавија вчера откако кај дел од децата имаше симптоми како повраќање, дијареа и покачена телесна температура. Од кочанскиот центар за јавно здравје направија направија контрола, при што се очекуваат резултатите од направените анализи во детската градинка.

Лаура Стојанова М-Нет