Празници, беспарица, повеќе дрва за огрев и скапа струја – како штипјани го поминаа месец јануари

Празници, ниски температури, повеќе дрва, скапа струја – вака граѓаните на Штип го опишаа најдолгиот според нив месец во годината. На крајот на месец јануари велат дека пари останале само за леб и нешто најосновно до нови пензии, плати и примања. Согласни се дека се уште стои верувањето дека јануари е најдолг и најтежок месец во годината. Според нив ниските примања придонесуваат за уште полоша ситуација, и уште потежок прв месец од годината.

Штипјани на терен се надеваат на подобра ситуација, согласни дека останатите месеци од годината не се исти како јануари. Децидни се дека слична е ситуацијата во септември, но до тогаш има време за да размислуваат. Сега останува периодот кога треба да се надминат ниските температури, потрошувачката на електрична енергија и снабденоста со огревно дрво.

Лаура Стојанова М-Нет