Петроски и Ристески нови засилување за есенскиот шампион Големо Коњари

Есенскиот шампион во Трета лига – Југ, екипата на Големо Коњари се засили со двајца играчи за пролетната борба за задржување на првото место кое води во баражот за Втората лига.

Нови играчи во таборот на есенскиот шампион се Петар Петроски и Илија Ристески.

24-годишниот Петроски е повратник во редовите на Големо Коњари, а во својата кариера има настапувано и за Победа, Слога Виница, Локомотива од Градско, Питу Гули, Вардар од Неготино и Партизан Обршани.

Ристески во Големо Коњари доаѓа од редовите на Росоман, а 24-годишникот во својата кариера има настапувано за Вардар Неготино, Питу Гули од Крушево, Напредок Крушеани, Победа и 11-ти Октомври.

Како што дознава телевизија М Нет во следниот период во Големо Коњари треба да биде промовирано уште едно засилување.

Александар Ванев, М-Нет