
Македонскиот интернационалец Андреј Лазаров останува во Хрватска, но го менува клубот. Од Рудеш како слободен играч се сели во тимот на Горица каде стави потпис на договор во време траење од година и пол.
Лазаров во Горица е претставен како прво зимско засилување за пролетната полусезона во хрватската фудбалската елита.
24-годишниот кочанчанец во својата кариера настапуваше за Металург, Работнички, Тиквеш од каде направи трансфер во Рудеш, а сега прави трансфер во Горица каде по истекот на договорот има можност истиот да биде продолжен на уште една година.
„Секогаш ќе давам максимум за тимот и се надевам дека заедно ќе постигнеме добри резултати и ќе освоиме повисоко место на табелата“, изјави Лазаров по неговата промоција во Горица.
Во дресот на Рудеш оваа сезона одигра 13 натпревари поминувајќи 759 минути на теренот, а притоа постигна и еден гол.
Новиот тим на Лазаров е на 5. место на табелата со 27 освоени бодови.
Александар Ванев, М-Нет