
Амбициозниот третолигаш Куманово се засили со искусниот Дарио Десниќ за пролетната полусезона во која ќе води борба за пласман во баражот и промоција во Втората македонска фудбалска лига.
Телевизија М Нет ексклузивно го најавува трансферот на Десниќ во есенскиот шампион во Трета лига – Север, екипата на Куманово за пролетната полусезона.
29-годишникот во Куманово доаѓа од редовите на прволигашот Вардар, а претходно настапуваше за Скопје, Борец, Кадино, Тетекс, Силекс, Шкупи и Маџари Солидарност.
Дефинитивно тимот предводен од Даниел Стојановски добива квалитетно засилување со прволигашко искуство за пролетната полусезона, каде со Шкендија Арачиново, Фортуна и Еуромилк ГЛ ќе води борба да го сочува првото место.
Во следниот период во Куманово ќе бидат промовирани уште неколку засилувања со прволигашко искуство.
Александар Ванев, М-Нет