
Штипскиот прволигаш Брегалница им се заблагодари на левиот бек Зоран Андонов и голманот Кире Новаков кои повеќе нема да го носат дресот на „сините“, откако спогодбено беше раскината соработката.
„Клубот им се заблагодарува на досегашната соработка и им посакува успех во кариерата“, велат од штипскиот прволигаш.
23-годишниот Андонов е нов играч на Брера Струмица.
Брегалница на голманската позиција се засилува со Ристо Јанков, кој се враќа од Романија, за што веќе објави телевизија М Нет.
Во недела Брегалница во Штип ќе го одигра вториот пријателски меч против Детонит Плачковица, откако на првиот исто така одигран во Штип забележа минимална победа од 1:0 над Силекс.
Александар Ванев, М-Нет