Детонит Плачковица го доби Тиквеш на пријателски меч во Велес

фото: ТВ М Нет архива

Амбициозниот второлигаш Детонит Плачковица од Радовиш денес го одигра вториот пријателски натпревар во рамки на подготовки за пролетната полусезона и забележа нов триумф откако на Градскиот стадион во Велес со минимални 0:1 го доби прволигаш Тиквеш од Кавадарци.

Радовишани предводени од штипскиот стратег Иван Вадариновски до победа стигнаа со голот на Стефан Бабунски постигна во првото полувреме.

Шанса добија сите фудбалери и на двете страни со цел проверка на формата и кај играчите, но и на самата екипа.

Претходно Детонит Плачковица со 6:0 ја доби Беласица на пријателска во Радовиш, а пак Тиквеш со 4:0 го доби Вардар Неготино на пријателска во Кавадарци.

Александар Ванев, М-Нет