Големо засилување во Чегране: Емран Рамадани е нов играч на Арсими

Второлигашот Арсими од Чегране се засили со напаѓачот Емран Рамадани, кој со своето искуство го подига квалитетот во тимот предводен од Вилдан Салиу. 31-годишникот во Арсими доаѓа од прволигашот Гостивар, а во својата кариера настапуваше за Ренова, Струга Трим Лум и албански Партизани, и српскиот тим Хајдук Кула.

Рамадани има големо искуство во Првата лига, но зад себе има и европски натпревари и дефинитивно ќе биде големо освежување во Арсими за пролетната полусезона во Втората македонска фудбалска лига. Рамадани беше еден од носителите на играта во Гостивар минатата сезона кога клубот се врати во „елитата“ на Македонија.

Арсими пролетниот дел го отвара на домашен терен против екипата на Новаци.

Александар Ванев, М-Нет