Башкими се засили со Суфјан Чајани

Второлигашот Башкими од Куманово се засили со Суфјан Чајани за пролетната полусезона.

19-годишникот во Башкими доаѓа од редовите на прилепска Победа, а во својата кариера има настапувано и за Шкупи и Албарса.

Чајани е член на У-18 и У-19 репрезентацијата.

Башкими пролетниот дел го отвара против Охрид на “Билјанини Извори”.

Александар Ванев, М Нет