
Ниту една пријва не пристигнала до ЈП Исар изминатиот викенд за замрзнати чешми или цевки. Ниските температури не ги оставија граѓаните без вода, но сепак од ЈП „Исар“ советуваат навремено да се заштута приклучоците и цевките. Потребна е велат соодветна изолација со цел да не дојде до мрнење на чешмите или пукање на цевки, оти во спротивно граѓаните сами треба да си го сносат трошокот за промена на истите. Допонително од ЈП Исар посочуваат дека оставањето на чешмата да тече не е метод за заштита од замрзнување.
„ЈП Исар преку работна единица Водовод и канализација секоогаш во врска со временските услови, како во летниот така и во зимскиот период ги информира навремено граѓаните за преземање на соодветни мерки. Особено кога се ниски температурите клучно е граѓаните да ги заштитат нивните водоводни приклучоци од замрзнување. Тоа ќе го направат со соодветна изолација на самите цевки како и заштита на водомерните шахти. Ова е оти ако настане дефект целиот трошок е на самите граѓани, бидејќи ЈП нема надлежност на внатрешни инсталации“ – вели Горгијев.
Од претпријатието советуваат да се сопрат вентилите ако граѓаните не се во можност да ги изолираат истите. Дополнително граѓаните може да се обратат за прашања до Инфо центарот во ЈП Исар од каде може да добијат препораки и совети како да ги заштитат своите чешми и цевки.
„Има различни типови на изолација, а онаму каде не може да се постави соодветна изолација препорачуваме да ги сопрат вентилите од оној дел од куќата или домаќинството каде не може да се постави изолација. Инфо центарот на ЈП Исар работи 24 часа секој ден“ – додава Горгијев.
Опд ЈП Исар велат граѓаните да ги следнат нивните совети и препораки со цел да не мора да плаќаат за промена на чешми и вентили заради замрзнување.
Лаура Стојанова М-Нет