
Во 2021 година граѓаните за 25,5% повеќе трошеле пари за здрвство споредбено со претходната година. Согласно последните податоци на ДЗС најмногу пари се трошеле за лекување, а нешто помалку за рехабилитација, помошни услуги и слично..
Вкупните здравствени трошоци во 2021 бележат раст од 25.5 % во однос на 2020 година
Вкупните тековни трошоци за здравството во Република Северна Македонија во 2021 година изнесуваат 61 408 милиони денари и бележат пораст од 25.5 % во однос на 2020 година (51 750 милиони денари). Дека најмногу пари се трошат за здравје согласни се и граѓаните на терен. Повозрасните штипјани децидни дека повеќе од поливина од примањата, конкретно се трошат за здравје. Тоа значи дека за лекови оди половина од домашниот Буџет на еден пензионер.
Согласно последните податоци на ДЗС , Сите видови тековни трошоци за здравството (по соодветните шеми) бележат пораст во однос на претходната година,
и тоа:
– Вкупните трошоци за лекување од 15.8 %,
– Вкупните трошоци на болниците од 12.9 % и
– Вкупните владини (буџетски) механизми и задолжителното здравствено осигурување од 8.5 %.
Најголемо учество во вкупните тековни трошоци за здравството (по соодветните шеми) имаат:
– Вкупните трошоци за лекување од 53.7 %,
– Вкупните трошоци на болниците од 37.4 % и
– Владините (буџетски) механизми и задолжителното здравствено осигурување од 55.4 %.
Лаура Стојанова М-Нет