
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против С.С.(34) од с.Каратманово, општина Лозово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Во декември 2023 година, пријавениот посеал нива со житна култура, сопственост на друго лице, со што извршил узурпација на туѓо земјиште.