Бујар Ислами ќе биде нов тренер на есенскиот шампион Влазерими ?

Есенскиот шампион во Третата македонска фудбалска лига – Запад, екипата на Влазерими Ј 1977 за пролетниот дел добива нов тренер.

Според информациите кои веќе кружат во фудбалските кругови, а кои треба во следниот период да бидат потврдени, и со тоа да бидат точни, а тоа е дека Бујар Ислами треба да биде нов тренер на Влазерими, а кој ќе седне на тренерското столче како наследник на Назми Ајдини.

Овие информации веќе кружат во фудбалските кругови, а во следниот период останува да видиме дали ќе бидат потврдени од страна на есенскиот шампион Влазерими кој ќе се бори да го сочува првото место и со тоа одново да игра бараж за Втора лига, откако минатата сезона играше бараж но беше поразен од Башкими, а од поразените екипи немаше среќа во баражот.