
Бадникова поворка за првпат годинава го најави христовото раѓање и во Општина Карбинци. Дечињата ја пееа песната за „Вечниот Бог“ по улиците од црквата до плоштадот во село Карбинци каде ги пречека градоначалникот Виктор Паунов и им подели пакетчиња. Во оваа прилика тој истакна дека ова е со тенденција да прерасне во традиција која ќе се практикува секоја година.
„Денес го празнуваме овој голем христијански празник, за првпат во Општина Карбинци со бадникови поворки каде во организација на Општина Карбинци и црквата, дечињата пееа бадникови и божиќни песни најавувајќи го господовото раѓање. Движејќи се од црквата до плоштадот во Карбинци добија новогодишно пакетче од нас како оптшина и сакаме ова да остане традиција“ – вели Паунов.
Бадникови поворки имаше во 60 градови во државата, каде дечињата со песна го најавија Христовото раѓање, односно големиот христијански празник Божиќ.
Лаура Стојанова М-Нет