
И вчеравечер традиционално во неколку населби во Штип се запалија бадникарските огнови. Со желби за здравје, мир и берќите цела година се собраа и жителите од населба Кадидаре. Самостојно велат ја организирале манифестацијата со цел да ја продолжат традицијата оставена од нивните предци. Над триесетина граѓани заеднички со колачиња и музика, заедничка дружба беа дел од бадникарскиот оган.
„Датира уште многу оддамна, уште од нашите дедовци и уште трае сега прославуваме коледе како што треба. Им посакувам на сите најпрвин многу здравје, љубов и сите сме среќни и сложно да се собираме секоја година вака“ – вели Мицев.
Палење на бадникарски оган имаше и во населба Суитлак. ПО иницијатива на жителите од овој дел од градот, манифестацијата беше збогатена со музика, а тенденција е да продолжи да се негува и во иднина.
„После многу години оживува традицијата во Сутлакот за Бадник. По иницјатива од многу жители се враќа старата традиција, сите заедно сплотени да бидеме за празниците“ – вели Симона.
Иако црквата е против палењето на коледарски огнови, сепак според граѓаните станува збор за традиција која треба да се негува и во наредните години.
Лаура Стојанова М-Нет