Бомба од Виница: Во Слога доаѓаат играчи од Прва и Втора лига, клубот е финансиски стабилен, закажан стартот на подготовки!

Позитивни вести доаѓаат од Виница, ланскиот второлигаш Слога за пролетниот дел од Третата македонска фудбалска лига – Исток како што дознава телевизија М Нет ќе се засили со 5 до 6 прволигашки и второлигашки засилувања. Во Виница ќе пристигнат играчи кои имаат големо искуство во македонскиот фудбал настапувајќи во Првата и Втората лига.

Тоа што е најважно е дека клубот ги исплати играчите и стручниот штаб, тоа што беше најголем проблем изминатите години за Слога 1934 сега е минато. Шеф на стручен штаб останува Крсте Крстев и во пролетната полусезона.

Планот за подготовките е утврден со стручниот штаб и официјално стартот на подготовките е закажан за 3. февруари (сабота), бидејќи стартот на пролетниот дел од Трета лига – Исток се очекува во средината од месец март.

Слога преку шест пријателски натпревари ќе ја темпира формата за пролетната полусезона во која ќе води борба да го освои првото место. Слога во пролетниот дел ќе влезе со девет бода негатива во однос на есенскиот шампион Вардарски од Богданци, а како што дознава телевизија М Нет од клубот ќе направат се што е во нивна моќ уште оваа сезона да го обезбедат пласманот во Втората лига, но како што дознаваме плановите со спонзорите од Турција се долгорочни и доколку Слога не успее да направи експресен „кам-бек“ ќе се гради уште помоќен тим за подолги стази и веќе од следната сезона Слога да се враќа во Втората лига.

Токму за таа цел Слога преговара со квалитетни играчи од Прва и Втора лига, кои следната недела и официјално ќе бидат објавени, а телевизија М Нет ексклузивно во следните денови ќе ги објави.

Александар Ванев, М-Нет