
Пред Нова година го објавивме првото зимско засилување во Детонит Плачковица, тоа беше Александар Ѓорѓиески кој во Радовиш пристигна од охридскиот прволигаш Воска Спорт, а тогаш го најавивме и второто зимско засилување.
Денес ексклузивно го најавувме Тони Мичковски како второ зимско засилување во редовите на Детонит Плачковица, кој во Радовиш доаѓа од редовите на струмичка Беласица.
Во својата кариера 23-годишникот покрај за Беласица има настапувано и за Кожуф, Каменица Саса, Кит Го Пехчево, Брегалница, Малеш и Хоризонт Турново.
Телевизија М Нет и претходно најави, а самиот тренер Иван Варадиновски во изјава за М Нет потврди дека нема да има големи промени во Детонит Плачковица. Дејвид Митревски замина во Кожуф, а пак Вилдан Керим во Пелистер. Во Радовиш пристигнаа Ѓорѓиески и Мичковски, а како што најавивме уште едно засилување се очекува во Радовиш и со тоа ќе биде затворен трансфер пазарот за оваа зима во Радовиш.
Детонит Плачковица есенскиот дел го заврши на 2. место со 35 бодови на своето конто, пет помалку од лидерот Беса и два повеќе од третопласираниот Пелистер и во пролетниот дел радовишани ќе се борат за историски пласман во Прва лига.
Александар Ванев М-Нет