
Утринава се регистрирани две групни тепачки во кои биле вклучени лица од Скопје и Свети Николе, во едната учествувале само женски лица.
Денеска (01.01.2024) во 04.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред угостителски објект на подрачјето на Центар, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.В.(20), Д.В.(22) и Н.Ѓ.(20) сите од Скопје од една страна и П.А.(19), Б.Б.(20), Б.М.(19), Д.К.(18), А.П.(20) сите од Свети Николе од друга страна. По целосно документирање ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (01.01.2024) во 01.50 часот било пријавено дека во Свети Николе бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Т., Н.Т. од Скопје и Ѓ.И. од Свети Николе од една страна и Е.Т. (47) од Свети Николе од друга страна (сите женски лица). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.