
Тоа што го најавуваше телевизија М Нет денес и официјално ќе биде потврдено и од Детонит Плачковица, Александар Ѓорѓиески е првото зимско засилување за хитот во Втората македонска фудбалска лига.
Прволигашко засилување за радовишани за водење на пролетна борба за историски пласман во фудбалската „елита“ на Македонија.
Ѓорѓиески во Радовиш доаѓа од охридскиот прволигаш Воска Спорт, а во својата кариера 23-годишниот охриѓанец има настапувано и за Охрид, Македонија ЃП, Борец, Вардар и Еуромилк ГЛ.
Телевизија М Нет ексклузивно дознава и во следните денови ќе го објави и второто зимско засилување кое ќе пристигне во Радовиш.
Детонит Плачковица есенската полусезона ја заврши на 2. место со 35 бодови на своето конто, пет помалку од есенскиот шампион Беса и два повеќе од третопласираниот Пелистер.
Александар Ванев М-Нет