
Умерена храна и умерено консумирање на алкохол со цел мирна новогодишна ноќ. Со цел новата година да се дочека на еден убав начин наместо по болничките соби, докторите советуваат граѓаните да бидат примерни и да не претеруваат со употреба на храна и алкохол за Нова Година и празниците.
„Препораките се да се прави се умерено. Знаеме дека за добро расположение ни треба добра трпеза и пијалок. Трпезата за Нова година треба да биде балансирана, без обилни оброци затоа што изобилува со се и сешто. Умерени треба да бидеме и со пијалоците за наредната година да ја дочекаме мирно.“ – вели Митрова.
Лекарските билтени секоја година бележат големи бројки на граѓани кои на најлудата ноќ завршиле на токсикологија на пример. Токму затоа лекарите апелираат до граѓани се што прават да биде во границите на нормалата. Овде стои и апелот за внимателност кога е во прашање употребата на пиротехнички средства.
„Најчесто зголемената употреба на алкохолни пијалоци. Она што може да се види во билтените е употребата на алкохол. Апел до сите е да биде умерено, за да ни остане во добро сеќавање.“ – додава Митрова.
Апел за одговорност упатија сите надлежни институции кои ќе работат за време на новогодишната ноќ, со цел помалку да се интевенира и да се создаваат убави спомени.
Лаура Стојанова М-Нет