
Хармонично и во топла семејна идила расте четворката од Штип. Теодор, Михаил, Ведран и Леонтина 38 дена по раѓањето заминаа од ГАК и спокопјно растат во семејниот дом во Штип. Тешко е, но љубовта кон нив дава голема сила и мотивација да се завршат сите обврски вели мајката Благица Зикова. Додава дека бебињата се мирни и дека има голема помош од семејството кога е во прашање грижата за четирите бебиња.
„Па тешко е да, напорно ни е малку, но љубовта кон е многу голема и за нив ништо не е тешко. Црпеме сила и енергија од нив. Напредуваат добро. Семејството ни помага, домашните. Сега за сега немаат многу барања, спијат и јадат. “ – вели мајката Благица.
Понекогаш вели сама ги храни и се чрижи за своите деца, бидејќи се стрпливи. Помош освен од семејството доби и од Општина Штип, односно добија бесплатна градинка, и плац за куќа осободен од комуналии како и еднократна парична помош. Помош пристигна и од општествено одговорни компании, вели мајката Благица, додавајќи дека засега добро се справуваат со обврската за која не се ниту надеваа.
„Стрпливи се, едно по едно сама ги хранам по некогаш кога нема никој, саат ипол, половина час. Храна 400 грама на ден, а памперси 44 бројки, некогаш повеќе некогаш помалку“ – додава Зикова.
Четирите бебиња се родија на ГАК, и 38 дена поминаа на клиника. Ова е втора четворка во Штип по 26 години.
Лаура Стојанова М-Нет