
Предпразнично полн пазарот во Штип. Граѓаните согласно своите можности пазаруваа за празниците. Сезонското овошје и зелената салата и денеска приоритет за купување, иако доста барани беа и оревите, костените, смокви, урми и сливи. За граѓаните последниот петок пред Нова Година е задоволителен, дел од производите се со иста цена како претходната година, но се бележи и мало покачување на цените на друг дел од производите.
Раздвиженост белеажат и пазарџиите иако нема драстична промена кога е во прашање побарувачката. Вообичаени се производите кои се бараат пред празниците, а цените се речиси идентични како овој период минатата година.
„Раздвиженоста, гледа се дека има повеќе народ, сега сме на едно место. Побарувачката е добра нема екстремно повеќе, ама добра е. Ние што ги продаваме нашите производи цената е иста, поскапи се костените.“ – велат продавачите.
Пазарџиите очекуваат наредната година да биде подобра, но како што велат тоа не зависи само од нив.
Лаура Стојанова М-Нет