
„Дедо Мраз на тркала“ вчеравечер ги израдува децата на плоштадот Слобода во Штип. Звукот на моторите, и сликата на радосни деца го наполни плоштадот пред Нова Година. Во духот на празниците најмалите но и повозрасните имаа можност да уживаат во настанот кој го организираа мотоклубовите од Штип.
„Веќе втора година по ред ова го организираме, надеваме се дека е добро прифанато од граѓаните, може да се види и по самата бројка на луѓе овде на плоштадот. Надеваме се дека ова ќе биде традиција со поголем број на луѓе и подобра организација.“ – вели Николовски.
Настанот беше збогатен и со новогодишни пакетчиња кои се поделија на посетителите, на децата. Тенденција е настанот да прерасне во традиција која ќе се органзиира секоја година, и со надеж за се поголем број посетители.
„Овој настан го правиме за децата, за младите. Имаме собрано некаде околу 900 пакетчиња за оваа година, но со оглед на фактот дека има голем број присутни наредната година треба да се потрудиме и да собереме повеќе пакетчиња.“ – вели Гацов.
Настанот се организира втора година по ред, а во иднина се предвидува настанаите да бидат збогатени со забавно музичка програма и поголем број содржини за сите генерации.
„Со овој настан сакаме да обележиме една традиција која е веќе втора година. Голема благодарност до сите моторџии за подддршка, како и на МВР.“ – додава Горгијев.
Мото делифе Дедо Мраз на мотор е планирано да се организира и во Кочани во сабота во паркот на Револуцијата.
Лаура Стојанова М-Нет