Дечињата на Брегалница го освоија 2. место на турнирот организиран од ФК Бутел

Новогодишниот турнир кој беше организиран од страна на фудбалскиот клуб Бутел заврши, а оваа година единствен претставник беше Брегалница. Дечињата, иднината и гордоста на штипските „сини“ се претставија во одлично светло. Завршија на првото место во групата фаза, а потоа се пласираа во полуфиналето каде против ФК Маџари од Скопје беа подобри во пенал-рулетот и обезбедија пласман во големото финале.

Во финалната борба дечињата на Брегалница загубија од домаќинот Бутел и го освоија 2. место, а пак Бутел беше прв.

Овој турнир за дечињата на Брегалница е уште еден голем успех и мотив за да продолжат со истото темпо и во иднина.

Од штипскиот клуб се заблагодарија на домаќинот за поканата и прекрасната организација, за наградите, пехарите, медалите, дипломите и новогодишните пакетчиња за сите деца.

Наградите ги поделија македонските спортски легенди Кочо Димитровски и Борко Ристовски, градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски и претставникот од ФФМ Бојан Марковски. Од клубот исто така благодарност упатија и до сите родителите и учесници за поддршката за учеството на овој турнир.

Александар Ванев М-Нет