Календари, еднократна помош, социјални пакети – Здружението на пензионери Штип со низа активности пред празниците

Календари денеска, а социјални пакети и еднократна помош за членовите до Нова Година и Божиќ, Здружението на пензионери Штип и оваа година ги завршува своите тековни обврски. Пред неколку дена се организираше и предновогодишната забава на која присуствуваа голем број пензионери, а активности се предвидени во периодот кој следи се до Бижиќ. Претседателот Ристе Нетков посочи дека календари има за сите пенизионери, оние кои имаат проблеми со движењето ќе добијат на домашна адреса.

„Вообичаено секој пат пред Нова година Здружението на пензионери Штип за своите членови набавува календари, а пред неколку дена бевме и на новогодишна забава. Други активности кои ги преземавме за нашите челнови пред Нова година е еднократната помош за нашите членови, а за Божиќните преазници ќе поделиме и пакети“ – вели Нетков.

2023 година здружението на пензионери Штип ја завршува успешно, согласно кажувањата на претседателот. Вели за разлика од претходната година реализирани се повеќе активности за членовите, а вакво темпо на работа очекуваат и за наредната година.

„Кога ќе резимираме за 2023 година имавме многу повеќе активности за разлика од претходната година. Приоритети за наредната година се акциите поврзани за нашите членови“ – додава Нетков.

Здружението на пензионери Штип беше дел од разни манифестации кои се органзиираа во државата и странство, дел од културно – забавни, хуманитарни настани, а зеднички застанаа во борбата за добивање на правата кои ги заслужуваат.

Лаура Стојанова М-Нет