Приведени шест лица од беровско с.Двориште, се тепале меѓу себе на плоштадот во Берово

На 25.12.2023, полициски службеници од Полициската станица Берово ги привеле И.Ј.(33), С.П.(35), М.К.(22), В.П.(33), Д.Т.(28) и Д.Т.(28), сите од с.Двориште, беровско, затоа што околу 00.00 час. на Градскиот плоштад во Берово го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.