Засилени акциски контроли во сообраќајот на територија на СВР Штип за време на викендот

На 23.12.2023 на подрачјето на СВР Штип спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 35 прекршоци од кои 23 надвор од населено место и 12 во населено место.
На 23/24.12.2023 во времето од 22.00 до 03.00 на подрачјето на полициските станици за безбедност на патиштата Штип и Кочани спроведена е акциска контрола на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. Притоа биле санкционирани 7 возачи.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.