48-годишен пешак од Свети Николе прегазен во Скопје, возачот избегал

фото: архива

На 23.12.2023 во 12.30 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив бил донесен А.В.(48) од Свети Николе со тешки телесни повреди здобиени во сообраќајна несреќа. Од страна на полициски службеници од СВР Скопје е извршен разговор со А.В. и констатирано е дека на крстосницата од ул.„Ацо Шопов“ и ул.„1409“ како пешак бил удрен од патничко моторно возило „голф“, кое го напуштило местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.