Со положување букет цвеќе одбележана 100 годишнината од раѓањето на Ацо Шопов

Со положување свежо цвеќе пред спомен бистата на Ацо Шопов денеска се одбележаа 100 години од неговото раѓање. Преставници од Локалната самоуправа, политички патрии, делегации, здруженија, пријатели и преставници од семејството оддадоа почит на великанот кој преку песна го прошири македонското име надвор од гранците на државата.

„Еве денес се одбележува 100 годишнината од раѓањето на Ацо Шопов, нашиот голем човек, поет кој ги отвори со својата поезија ширум вратите на Македонија во светот. Положивме цвеќе, му одадодвме голема почит се слеавме во тишината покрај неговата спомен биста, оставајќи си на себе еден завет дека треба да го почитуваме неговото дело, да ги негуваме неговите оставштини кои ни ги даде, неговите песни“ – вели Петрова.

Цела година е во знакот на одбележување на 100 годишнината од раѓањето на Ацо Шопов и се реализираат низа настани по овој повод. Вчера на одебележувањето на патронот на град Штип, постхумно великанот Шопов го доби и Орденот „Свети Никола“, кој го прими неговата ќерка Јасмина Шопова.

Шопов е човек кој остави многу, а идните генерации треба да чекорат по неговите стапки.

Лаура Стојанова М-Нет