
Прволигашот Македонија Ѓорче Петров зимските подготовки ќе ги одработи во Хрватска, каде ќе одигра и четири пријателски натпревари.
„Лавовите“ ќе се подготвуваат на хрватско тло за пролетната полусезона во која ќе влегуваат со цел за сигурен и директен опстанок во фудбалската „елита“ на Македонија. Во Хрватска екипата на Македонија ЃП ќе одигра и четири пријателски натпревари, кои веќе се закажани.
Првиот контролен натпревар на хрватско тло ќе биде одигран на 20. јануари против екипата на Осиек, потоа ќе следува контролката со Радомље закажана за 23. јануари, на 27. јануари ќе биде одигран пријателски натпревар против Алуминиј, а пак на 31. јануари е договорен пријателски меч со екипата на Сарајево.
Македонија ЃП есенскиот дел во ПМФЛ го заврши на 10. место односно во бараж зоната со 18 бодови на своето конто, а пролетниот дел го отвара на домашен терен против екипата на Шкендија.