
На 17.12.2023 во Берово, полициски службеници од Полициската станица Берово го привеле Г.Д.(21) од с.Митрашинци, беровско, затоа што околу 00.05 часот во с.Митрашинци го нарушил јавниот ред и мир со физичка пресметка со неговиот татко Д.Д.(47) од истото село. По комплетирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.