
Училниците во подрачните училишта во селата Теранци, Кучичино, Чифлик и Бање се уште се затоплуваат на дрва, за разлика од централното училиште Климент Охридски во село Облешево каде се топлат на пелети. Директорт вели за оваа грејна сезона обезбедени се и со дрва и се пелети, и дека нема простор за паника. Околу 80 метри кубни дрва се доволни за учениците да слушаат настава во топли училници.
„Ние сме во ек на грејната сезона и веќе се обезбедени сите потребни количини на пелети потребни за централното училиште каде греењето е на пелет, а има доволно дрва за подрачните училишта. Набавени се околу 80 метри кубни дрва кои се сосема доволно за да се обезбеди добро греење.“ – вели Костадинов.
Во меѓувреме се работи на проект за поставување на соларни панели, па ако истиот се реалзира, Ккостадинов посочува дека тенденција е греењето да биде на клима уреди. Реализација на овој преокт се чека оти во моментот цената на електричната енергија е уште висока.
„За сега немаме изготвено проекти за таа намена бидејќи се работи за помал број на ученици. Се размислува на преминување на греење на клима уреди, но во моментот се уште е скапа електричната енергија. Ако обезбедиме соларни панели согласно проектот кој го имаме ќе се реализира и таа идеја и ќе преминеме на греење на струја.“ – додава Костадинов.
За разлика од фактот дека дрва и пелети има, инфраструктурата на училишните згради не е за пофалба. Костадинов посочи дека има доста работи оти зградите во подрачните училишта се стари и по половина век. Но дециден е дека се работи етапно согласно приоритетните потреби на самите училишта со цел непречена и безбедна настава на сите ученици.
Ребека Спасова М-Нет