
На натпреварот од 17. коло од Првата македонска фудбалска лига на натпреварот во Штип меѓу Брегалница и Воска Спорт одигран на 3. декември, анализирана е ситуацијата од 45+1 минута, а од страна на судиската комисија на ФФМ е донесен следниот заклучок за овој натпревар.
“Главен судија: Ндерим Тефику. Помошни судии: Мартин Петковски и Слаѓан Марковски.
45+1 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (За не сигнализирано офсајд позиција, гол постигнат за гостинската екипа, при резултат 2:0)
Центрирана топка во 16-сетникот на домашната екипа, играч на гостите со глава ја додаде топката до свој соиграч кој во момент на додавање на топката се наоѓаше позади претпоследниот играч од одбраната на домашната екипа, ја прими топката и постигна гол.
Погрешна одлука на првиот помошен судија што не сигнализираше офсајд позиција, бидејќи играчот на гостите што постигна гол, во момент на додавање на топката од својот соиграч се наоѓаше позади претпоследниот играч од одбраната на домашната екипа“, се вели во образложението од страна на Судиската комисија на ФФМ.