Модерен ски-центар, еден од петте најголеми на Балканот ќе се гради на Царев врв

Означен стартот на почетниот чекор кон реализација на уште еден голем капитален проект за развој на истокот и североистокот, а тоа е изградбата на ски центарот Царев Врв. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски при денешната посета на Центарот за развој на Источно планскиот регион во Штип истакна дека денеска го достави Известувањето за користење на средства од Програмата за рурален развој за 2023 година,.

„Во срцето на Осоговските планини, на надморска височина од 2.085 метри токму на Царев Врв, ќе се гради модерен ски-центар, кој ќе биде еден од петте најголеми ски центри на Балкано.За реализација на овој проект подготвена е предфизибилити студија, која идентификува развој на поширокиот дел на Царев Врв, преку ски центар со изградба на 59 ски стази со вкупна должина од 59 километри, опслужувани од девет жичари и три ски лифтови. Сместувачки капацитети со 5.600 кревети, како и придружни објекти со вкупна површина од 8.000 м2. Овој значаен проект отвора и нови работни места во планираниот ски центар, хотелските и угостителски обејкти, како и развој на придружните туристички населби Пониква и Калин Камен. Советот за развој на Источен плански регион во 2019 година, до Владата достави иницијатива за номинирање на Царев Врв и Осоговските Планини за национален приоритет, со цел обезбедување на средства за потребните чекори до реализација и отпочнување со работа на ски центарот Царев Врв, рече Николовски.

Посочи дека на негова иницијатива, уште со буџетот за 2021 година, обезбедени биле 20 милиони денари, за Центарот за развој на Источниот плански регион, наменети за подготовка на планска документација. Но, какошто додаде за жал, таа година поради енергетската криза, овие средства беа пренаменети во фондот за спроведување на Владините мерки за поддршка на граѓаните и компаниите во услови на енергетска криза.

-Иако активностите се одложија, нашата желба и посветност за овој проект продожи и понатаму. На заедничка иницијатива на министерството и Центрите за развој на Источниот и Североисточниот плански регион, заедно со општините Македонска Каменица, Кочани, Крива Паланка, Пробиштип и Кратово во месец јуни 2023 година беше потпишан Меморандум за соработка, со кој обезбедуваме шест милиони денари преку Програмата за рурален развој, за започнување на активностите за ажурирање на предфизибилити студијата, вели Николовски.

Николовски при денешната посета на Штип рече дека завршен е проектот за изградба на локален пат за поврзување на селата Вртешка, Келекчелија и Калаузлија со регионален пат Р2431. Потоа проектот за изградба на дел од локален пат од село Шашаварлија до село Кошево. Изградба на улици во село Караорман. Потоа проектот за изградба на пристапен пат од село Оризари, до манастирот Пресвета Богородица. Како и проектот за изградба на локален пат во селото Љуботен, општина Штип.

Лаура Стојанова М-Нет