
Три улици во штипското централно градско подрачје денеска добија асфалт, а со претходна промена на водоводната и канализациската мрежа каде што било потребно. Средствата се обезбедени од општинската каса.
„„Добре Радосављев“, „19. бригада“, „Карл Маркс“ се улиците коишто денес се асфалтираат на барање на жителите. Повеќе од 2 милиони денари се обезбедени од Буџетот на Општина Штип за асфалтирање на овие краци од улици. Претходно се работеше на промена на одредена подземна инфраструктура којашто со годините наназад била нотирана како потреба за промена“, вели Јорданов.
Рекорден број асфалтирани улици, вака Јорданов ја оценува 2023 година, но вели дека тоа ќе биде мотив плус за идната година да го надминат и тој број.
„И оваа година да ја завршиме со рекорден број на реализирани проекти и рекорден број на асфалтирани улици, но ќе биде дополнителен мотив за нас во 2024 година да испланираме и испроектираме уште повеќе улици коишто ќе бидат рехабилитирани и на тој начин да добиеме посоодветна инфраструктура на цела територија“, додава Јорданов.
Со оглед на временските услови, Јорданов очекува и во наредните денови да се завршат со асфалтирање улици во неколку населби од градот.
Ребека Спасова М-Нет