
За Светска младинска лига во Италија во декември, како и Европско првенство во февруари се подготвуваат членовите на Карате клубот Штип. Со професионално вежбање, во добри услови, и максимално расположение на членовите на клубот се работи за постигнување добри резултати на следните турнири и натпревари. Тренерот Жарко Арсовски е задоволен од досега постигнатото, а вели се надева на поголеми успеси и во иднина.
„На светска младинска лига во Венеција, Италија ќе настапиме од 7 до 10 декември. Имаме пријавено пет натпреварувачи, се вежба професионално двапати на ден, имаме добри услови, две сали, дечките се максимално расположени за борба, се надевам и за победа. Потоа следува и во февруари Европско првенство за кадети и јуниори, за таму имаме пријавено двајца натпреварувачи кои беа најдобри во нивната категорија“ – Арсовски.
Изненадувачки добар е фактот дека каратето е се поинтересен спорт и за девојчињата. Арсовски потенцира дека имаат доста добри натпреварувачки, пред се кои се дел од јуниорско кадетската екипа и се подготвуваат за престајните првенства.
„Во последните години женското карате е застапено, имаме доста добри натпреварувачки. Можам да кажам дека полека се отвораат првите резуклтати во женска конкуренција. Ова е јуниорско кадетска екипа, токму оние кои се пдоготвуваат за турнирите кои следат“ – додава Арсовски.
Каратето е поддржано од голем број луѓе во државата, ама не и од федерацијата вели Арсовски. Сепак дециден е дека овој спорт станува повеќе популарен меѓу младите и се повеќе деца се одлучуваат да тренираат карате.
Лаура Стојанова М-Нет