Од утре започнува Божиќниот пост кој трае 40 дена до Божиќ

Од утре започнува Божиќниот пост, кој ќе трае 40 дена и завршува на 6 јаунари денот на раѓањето на Исус Христос. Овој пост не менува дата и секогаш започнува на 28 номеври. Согласно пропишаната програма на Македонската православна црква понеделник, вторник и четврток се пости со масло, среда и петок се денови за строг пост на вода, а сабота и недела дозволено е и употреба на риба.

„Од утре започнуваат Божиќните пости кои се во чест на еден од најголемите празници, а тоа е раѓањето христово или кај нардот познат како Божиќ. Постите траат до самиот ден Божиќ. Овие пости согласно она што е пропишано согласно Македонската православна црква се постат на следниот начин: понеделник, вторник и четвротк се употребува масло, среда и петок е строг пост односно пост на вода додека сабота, недела и на поголемите празници е благословено употреба на риба“ – вели Арсовски.

Од црквата апелираат до верниците кои сакаат да се причестат, претходно да се исповедаат. Божиќниот пост е втор по должина на траење, веднаш по велигденскиот. Во однос на „строгоста“ за употреба на храна, божиќниот пост е „поблаг“, бидејќи дозволува користење вино, масло за јадење и риба. Целта на постот е да се „исчистат“ духот и телото, што се постигнува не само со воздржување од мрсна храна, туку и од лоши мисли, зборови и дела.

Лаура Стојанова М-Нет