
Дербито од 12. коло од ракометната Суперлига меѓу Охрид и Тиквеш ќе доцни 1 час, па наместо во 18:30 часот, ќе започне во 19:30 часот.
Причината е доцнењето на судиите и на дел од официјалните лица кои патуваат од Скопје, а кои поради лошите временски услови поради снегот доцнат во Охрид.
Суперлигашот Охрид го пречекува Тиквеш во натпревар кој директно одлучува за второто место во групата А. За „гладијаторите” единствена опција е победа во борбата за второто место.
Телевизија М Нет ќе известува од Охрид.
АВТОР: Александар Ванев