Штипјани со зелено светло за користење на парите од самопридонесот, на референдум ќе гласаат „за“

Штипјани ќе гласаат „ЗА“ на референдумот за искористување на парите од самопридонесот за обнова на старата и дотраена водоводна мрежа. Анкетираните граѓани даваат зелено светло, посочувајќи дека парите кои и онака бесцелно стојат замрзнати на сметка, треба да бидат наменети за решавање на овој проблем. За парите од самопридонесот се распишувани два референдуми во Штип, но ниту на еден од нив граѓаните не се изјасниле позитивно, сепак овојпат анкетата на терен покажува дека ќе се случи спротивното.

Граѓаните потврдуваат дека со ваквиот проблем се соочуваат секојдневно. Некои повеќе, некои во помала мера. Сепак, согласни се дека ова ќе придонесе за подобар квалитет на водата.

Инаку, градоначалникот Јорданов вчера истакна дека е крајно време да се распише референдумот и тоа да биде на датумот на одржување на парламентарните избори. Штом ќе се утврди датумот, Советот ќе донесе одлука за распишување референдум.

Ребека Спасова М-Нет