
Не чекај, превенирај, ОО на СДСМ Штип спроведе акција за заедничка борба за женското и машко здравје. На градскиот пазар во Штип денеска на случајни минувачи бесплатно се мереше шеќер во крвта и крвен притисок со цел да подигне свеста кај населението кога е во прашање грижата за сопственото здрвје. Заинтересираноста од страна на штипјани да застанат и да го проверат шеќерот во крвта како и крвниот притисок беше голема. Пред камерите на М-Нет телевизија се со поделен став. Дел од анкетираните пред се повозрасни граѓани велат дека редовно одат на контрола, но имаше и такви кои на пример никогаш не провериле шеќер во крвта.
„Јас сум шеќераш често проверува шеќер во крвта, еве сега приверувам и тука.“ – велат граѓаните.
Граѓаните се согласни дека ваквите акции се од големо значење за нив и дека треба да се организираат почесто. На таков начин без закажување, без пари и трошење време го проверуваат шеќерот во крвта и крвниот притиоск со што дополнително водат грижа за сопственото здравје.
„Треба да има вакви акции почесто. Вакка проверувам дали е добар шеќерот во крвта или не.“ – додаваат граѓаните.
Ваква акција за мерење на шеќер во крвта и крвен притисок ќе се спроведе и утре на Малиот плоштад во Штип во периодот од 11 до 13 часот. Истовремено за утревечер е закажана трибина која ќе се одржи во Домот на култура со почеток од 18:30 часот. Под слоганот Не чекај, превенирај ќе се обратат поранешниот министер за здравство Проф. Д-р Венко Филипче, Доц. Д-р Ана Данева Маркова, специјалист гинеколог, Д-р Маја Манолева, заменик министерка за здравство, Д-р Ален Георгијев, директор на Клиничка болница Штип, Д-р Димитар Кожухаров, специјалист уролог.
Лаура Стојанова М-Нет