Електрична револуција во Скопје: Порше Македонија го лансираше новиот целосно електричен Porsche Cayenne Electric

Во рамките на ексклузивен и визуелно спектакуларен настан, Порше Македонија официјално ја претстави новата ера на луксузните SUV возила на македонскиот пазар – целосно електричниот Porsche Cayenne Electric.

Настанот, кој ги собра на едно место водечките бизнис лидери, јавни личности, автомобилски ентузијасти и претставници на медиумите, беше модериран од една од највлијателните македонски инфлуенсерки, Миа Костова. Таа со својот препознатлив динамичен стил ја отвори вечерта, најавувајќи го големиот чекор напред за германскиот премиум бренд.

Пред присутните се обрати Генералниот Менаџер на Порше Македонија, Златко Муцунски, кој ја истакна стратешката важност на овој модел и посветеноста на компанијата кон одржливата мобилност.

„Кога Cayenne за првпат се појави пред повеќе од две децении, тој направи револуција како спортски SUV. Денес, со гордост го претставуваме неговиот следен еволутивен чекор – Cayenne Electric. Ова возило не е само нов модел, туку е доказ дека супериорните спортски перформанси и еколошката свест можат совршено да егзистираат во едно ремек-дело. Со ова, ја потврдуваме нашата визија да бидеме лидери во електричната иднина на автомобилизмот во Македонија“, изјави, Генерален Менаџер на Порше Македонија.

Клуминацијата на вечерта беше самото откривање на возилото, проследено со футуристички светлосни и аудио ефекти. Деталната презентација на перформансите и врвната технологија ја одржа Маркетинг Менаџерот, Стефан Јовановски, кој ја елаборираше инженерската прецизност зад новиот Cayenne Electric.

Новиот модел се одликува со напредна 800-волтна архитектура која овозможува ултра-брзо полнење, импресивен автономија на батеријата прилагодена за долги патувања и задржување на препознатливиот Porsche спортски ДНК со инстантна испорака на моќност.

 

 

 

Клучни карактеристики на новиот Porsche Cayenne Electric:

· Целосно електричен погон: Напредна технологија на батерии со нула емисија на штетни гасови.

· Спортски перформанси: Задржување на легендарната динамика на возење и агилност по кои е познат Cayenne.

· Ултра-брзо полнење: Поддршка за моќни DC полначи, овозможувајќи полнење на батеријата за рекордно кратко време.

· Дигитален луксуз: Комплетно обновен ентериер со најновиот Porsche Driver Experience систем и напредни системи за асистенција.

По официјалниот дел, гостите имаа можност одблизу да го погледнат возилото, да се запознаат со неговите иновативни карактеристики и да уживаат во ексклузивна коктел-забава.

Новиот Porsche Cayenne Electric е веќе достапен за нарачкa во продажниот салон на Porsche Centar Skopje.

ПР

Текстот Електрична револуција во Скопје: Порше Македонија го лансираше новиот целосно електричен Porsche Cayenne Electric е превземен од МАКФАКС.