Стари чевли оти пари за нови нема – светиниколските пензионери повторно на улица

Стари чевли оставени на улица – со оваа слика светиниколските пензионери денеска покажаа дека со ниските пензии не можат да си дозволат ниту еден пар чевли. Протестот го започна со марш на кој ја изведуваа македонската химна, и порачаа дека не се откажуваат од своите барања, а наредниот петок незадоволството ќе го искажат пред Собрание во Скопје.

„Ние денеска се собравме да го изразиме нашето незадоволство оти веќе четири месеци сме по улиците ама сите се глуви на нашите барања. Наредниот петок на 1 декември пред Собрание цела Македонија пензионерите ќе протестираме.

Без пари, но и без трпение бараат линеарно покачување на пензиите за 5000 денари, како и усогласување на минималните пензии. Работеле велат по 15 и повеќе години, а денеска наместо на топло тие правата ги бараат на улица.

Антикризните мерки од Влада за нив се неприфатливи, и порачаа надлежните да размислат повторно за нивните барања оти на изборите за неколку месеци се ќе зависи од нивните гласови.

И денеска пензионерите од Свети Николе повикаа на масовност на протестот во Скопје, со цел да се слушнат и исполнат нивните барања.

Лаура Стојанова М-Нет