
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против М.Е.(39) од Берово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 13.11.2023 во основно училиште во Берово, за време на одржување на родителска средба, пријавената упатила закани на наставничката.